Vitalis Doctors Group
Деловната стратегија на Vitalis е насочена кон нови инвентивни производи и методи зад кои стои долгогодишна медицинска пракса и знаење на група доктори и фармацевти.
Нашите постоечки производи се препознатливи на пазарот по квалитет, инвентивност, природен состав и заштитени се со жиговите Vitalis Slim, Venogel, Sports Cream, Vitacea Imunostrong, Power Revitalising, Urovital, Yin Antistress i Yang Energising.
Нашите жигови се општо познати, а дизајнот на нашите пакувања не е стереотипен да потсетуаат на лекови, туку се во склад со светските дизајнерски трендови во медицината и фармацевтската индустрија.
Со задоволство можеме да кажеме дека ние во Vitalis успеавме да изградиме бренд “VITALIS”. Услугите кои ги даваме се единствени, водат кон оздравување и олеснување на здравствените проблеми на нашите пациенти. Постигнатите резултати се мерило за успешните методи на Vitalis.
Со континуираното пратење на новите достигнувања во медицината и фамацијата, ние се залагаме нашите производи да бидат присутни не само кај нас туку и на други пазари, бидејќи го поседуваат бараниот квалитет кој успеавме да го постигнеме во нашите лаборатории.
Патентирани производи, иновации, дијагностички, терапевтски и медицински методи се приоритет на компанијата Виталис Докторс Груп – кои му обезбедуваат светска репутација.