Vitalis Doctor’s group и Vitalis ординацијата се претставија на 23-от Мегународен саем за козметика “Допирот на Париз” кој се одржа на 26 и 27.04.2014 година на Белградскиот саем. Штандот во ВИП делот привлече многу наши стари, но и нови клиенти кои се интересираа за новитетите кои им ги имаме спремено, но и барајќи решение за својот здравствен проблем. Покрај веќе добро познатите производи на пазарот како што се Venogel, Sports cream, Slim и другите производи, ги претставивме и новите производи CardioVitalis и Detoxmax.
CardioVitalis е природен препарат кој помага за правилна работа на срцевиот мускул, го урамнотежнува срцевиот ритам, ги проширува артериите, спречува создавање на артериосклерозни наслаги, го намалува холестеролот, ја зголемува еластичноста на крвните садови. Detoxmax е потполно природно фитосоединение со посебна формула и е комбинација на најмоќни антиоксиданси од билки, кој служи за одбрана и заштита од сите познати болести. Препаратот е заштитен, тестиран и проверен.Посетителите на саемот имаа прилика да присуствуваат на интерактивните предавања на Др Весна Маринковиќ Мичиќ на темата “Акупунктурата и антиоксидансите во служба на убавината”. Пред голем број стручњаци од областа на медицината, козметологијата, како и љубопитни пациенти Др Весна Маринковиќ Мичиќ покрај акупунктурата говореше и за делови од својата книга “Medicus natura”,а одговараше и на конкретни прашања на посетителите. Посетителите на саемот имаа прилика да се посоветуваат со нашите доктори како и да ги искористат специјалните акции кои за таа прилика ги имавме подготвено.